Македонски: вокатив

Discussion in 'Other Slavic Languages' started by 123xyz, Sep 18, 2013.

  1. 123xyz

    123xyz Senior Member

    Skopje, Macedonia
    Macedonian
    Дали може некој да ми појасни со кои наставки се образуваат вокативните облици од именките? Знам дека за машки род се употребуваат наставките „-у“ и „-е“ а дека за женски род се употребуваат „-о“ и „-е“, но не ми е јасно која наставка се употербува за кои именки. Колку што гледам, што се однесува на машките именките, едносложните ја добиваат наставката „-у“ а повеќесложните наставката „-е“, но не сум сигурен дали ова е општоважечко правило, особено бидејќи има некои зборови каде што и двете наставки ми звучат точно а и бидејќи ми делува необично да имаме вакво правило за одредување на точна наставка со оглед на тоа што во српскохрватскиот наставката зависи од тоа дали крајната согласка е мека или тврда, што очигледно не е случајот со македонскиот.
    За женските не знам дали може да има правило поврзано со бројот на слогови - не забележувам нешто таква. Во српскохрватскиот, ми се чини дека скоро сите женски именки ја добиваат наставката „-о“ освен тие што завршуваат на „-ица“, но најверојатно ни ова не се совпаѓа со состојбата во македонскиот.

    Благодарам однапред
     
  2. Eunos New Member

    Bulgarian
    Не знам вокатива в Македонския език дали клони повече към Българския или Сръбския, но ето тази статия в Уикипедия е доста точна и интересна - http://bg.wikipedia.org/wiki/Звателен_падеж
    Дано ти помогне.
    Виж таблицата накрая.
     
  3. 123xyz

    123xyz Senior Member

    Skopje, Macedonia
    Macedonian
    Благодарам за страницата - занимлива е и ми укажа на повеќе работи што не ги знаев, но не го одговара моето прашање целосно затоа што состојбата на вокативот во бугарскиот не иста како во македонскиот (ниту пак српскиот). Што се однесува до машките именки, во бугарскиот, исто како во спрскиот, тоа дали е трвда или мека крајната согласка има влијание на наставката, а ова изгледа веќе не е вака во македонскиот. Исто така, во бугарскиот има усложнување - трета наставка за машки род, „-о“, каква што не се среќава ни во македонскиот ни во српскиот.
    Што се однесува до женските именки, и во бугарскиот се користат двете наставки, „-о“ и „-е“ и на страницата пишува дека втората се користи за некои лични имиња и за на зборови што завршуваат на „-ка“ и „-ица“. Ова може да биде случајот и во македонскиот, но не во потполност. На пример, на страницата пишува дека вокативните облици од женските именки што завршуваат на „-ка“ правилно се образуваат со наставката „-о“, иако со текот на времето почнала да се употребува и наставката „-е“, под влијание од зборовите што завршуваат со наставката „-ица-“. Во македонскиот, пак, мислам дека воопшто не е точно да се користи наставката „-о“ за зборови што завршуваат на „-ка“.
     
  4. iobyo Senior Member

    Bitola, Macedonia
    Macedonian
    Наставките -е и -у (кај именки од машки род) често се мешаат меѓу себе. Општо речено, наставката -у е почеста кај едносложните, а наставката -е кај повеќесложните именки. Меѓутоа, тука има ред случаи во кои е можно образувањето на двојни форми, а во сето тоа—како што Вие имате забележано—извесно влијание има и тоа на која согласка завршува именката.

    Именките на ж, ш, њ и ј обично образуваат вокатив со наставката -у (мажу, богаташу, коњу, змеју), и оваа наставка се претпочита и кај именките на к, г и в (< прасл. *x): волку, прагу, Влаву; но: човеку и човече, јунаку и јуначе, бегу и беже, врагу и враже. Од бог, друг и отец само боже, дргуже и оче (не: *богу, *другу, *оцу). Наставката -е се чувствува обична, или е единствено можна, кај книжевните зборови. Така, на времето се велеше друже пратениче, друже началниче (не: *пратенику, *началнику и сл.). Кај едносложните именки на с и з имаме -у (песу, мразу), но кај книжевните зборови на истите согласки имаме -е (кустосе, поразе). Кај другите едносложни именки од машки род, вокатив може паралелно да се образува со наставките -у или -е: сватусвате, синусине, братубрате, зетузете, волуволе, кралукрале, царуцаре. За мене брату се однесува на брат по род, а брате на другар. Денеска сѐ почесто се слуша „кај си, брат?“ (т.е. без наставка).

    Некои именки имаат само една вокативна форма. Покрај гореспоменатите, имаме само попе, куме, ѕверу и др. (не: *попу, *куму или ѕвере; ѕвере е всушност деминутив). Кај повеќесложните именки на -ар се употребуваат паралелно и двете наставки: овчаруовчаре, говедаруговедаре, опинчаруопинчаре. Првите форми звучат поприродно.
    Другите повеќесложни именки обично образуваат вокатив со -е: господине, пријателе, даскале, девере, мајсторе. Но можни се, иако поретко, и форми со -у: петле петлу, мачоре мачору, родителе родителу.
    Слично на случајот со брат, именката господ има посебна вокативна форма во контекст на православието (господи) покрај понеутрална форма (господе). Сопствените имиња на консонант ја примаат редовно наставката -е: Јоване, Милоше, Лазаре, Вардаре.

    Треба да се напомене дека именките на самогласка
    (вклучувајќи ги сопствените имиња) се посебно интонирани; т.е. обично образуваат вокатив со продолжување на самогласката од крајниот слог: [ˈtrajkoː], [ˈgot͡seː] итн.

    Именки од машки род што завршуваат на -а
    или остануваат непроменети или ја примаат настаквата -о. Кај турските зборови на -ија, -џија и -чија се испушта крајниот слог: комши, фурнаџи, батакчи.
     
    Last edited: Sep 19, 2013
  5. iobyo Senior Member

    Bitola, Macedonia
    Macedonian
    Што се однесува до именки од женски род, најчеста е наставката -о: душо, жено, ќерко, сестро, севдо, среќо итн. Некои сопствени имиња на -а немаат посебна вокативна форма (Александра, Даниела, Марина, Наташа итн.). Може да се слушне од време на време Елено, Катерино и др. во простонародниот говор, но таквите форми не се вообичаени.

    Другата наставката, -е, се среќава кај тросложните и повеќесложните именки на -ца (Зорице, мајчице, сестрице итн.) и кај личните имиња на -ка: Босилке, Јованке, Ратке, Стојанке, професорке итн.

    Од сваќа само сваќе и од попаѓа само попаѓе.

    Имињата на -ја образуваат вокатив и со едната и со другата наставка: Марије
    — Маријо, Спасије — Спасијо итн. Други именки на -ја ја примаат редовно наставката -јо (на пр. Македонијо).
     
  6. 123xyz

    123xyz Senior Member

    Skopje, Macedonia
    Macedonian
    Благодарам за одговорите.
     
  7. Roman A Junior Member

    Ukrainian
    Интересно, во украинскиот jазик, Брат-Брате, Друг-Друже, Князь-Княже, Андрiй-Андрiю, Сергiй-Сергiю, Максим-Максиме,Iван-Иване, Сестра-Сестро, Мама-Мамо, Марина-Марино, Катерина-Катерино, Марiя-Маріє, Софія-Софіє, є-jе
     
  8. Roman A Junior Member

    Ukrainian
    Sorry, Іван-Іване
     

Share This Page