Macedonian: се расили

Discussion in 'Other Slavic Languages' started by 123xyz, Apr 14, 2014.

  1. 123xyz

    123xyz Senior Member

    Skopje, Macedonia
    Macedonian
    Како би го превеле глаголот на англиски „се расили“, во смисла некој да добие поголема самодоверба или мотивација, особено придружена од извесна надменост? Пребарувајќи најдов глаголи како "encourage" или "embolden", ама некако ми се чини дека не го доловуваат значењето на македонскиот глагол во потполност. Се надевам дека ќе имате некои поприкладни предлози.

    Благодарам однапред
     
  2. qwqwqw Senior Member

    Bayern, D
    Bulgarisch
    to really start swinging
    to start swinging for the fences
     
  3. 123xyz

    123xyz Senior Member

    Skopje, Macedonia
    Macedonian
    Благодарам на предлозите - можат тие изрази да послужат во извесни контексти, но мене ми се чини дека повеќе се однесуваат на расилување во смисла на развивање некаква амбиција, особено во облик на стремеж кон нешто особено тешко или неверојатно; имено, ми оставаат впечаток како да наговестуваат некаков потфат, дури и вложување труд и претрпување напор, а не само промена во ставот и начинот на однесување. Има ли некои други изрази коишто го доловуваат повеќе второво значење?

    Исто така, би рекол дека овие два израза се прилично разговорни така што не би се вклопиле во некои текстови со повисок стил - има ли некои поформални изрази со слично значење?
     
  4. DarkChild Senior Member

    Bulgarian
    Дай пример в изречение. Не разбираме точно какво искаш да кажеш.
     
  5. 123xyz

    123xyz Senior Member

    Skopje, Macedonia
    Macedonian
    Еве можни примери:

    1. Откако виде дека таа воопшто не му се спротивставува на замерките, се расили и почна немилосрдно да ја навредува.
    2. Гледајќи дека соседитее прилично се восхитуваат на неговиот бунтовен став, се расили и реши да организира протест во маалото.
     
  6. DarkChild Senior Member

    Bulgarian
    Became emboldened?
     

Share This Page