Macedonian: заљуби

123xyz

Senior Member
Macedonian
Се прашувам дали глаголот „заљуби“ може да се користи како неповратен, односно без заменката „се“ пред него. Досега го немам сретнато вака, но еве сега најдов пример во речник каде што стои сам, како што може да видите тука. Што мислите за ваквата употреба? Дали е важечка, застарена, својствена за извесен дијалект итн.?
 
  • nimak

    Senior Member
    Macedonian
    Го има во народното творештво, како на пример во песната:

    Заљубив мале три моми,
    три моми, три убавици.
    Заљубив мале првата,
    првата, втората, третата,
    првата мале, најмила, леле
    најмила мале, најдрага.
     
    Top