Macedonian: Conditional Mood in Conditional Sentences

123xyz

Senior Member
Macedonian
Се прашувам дали има некаква разлика помеѓу условни реченици во коишто и зависната и независната реченица содржат глагол во условен начин и реченици во коишто само независната реченица содржи глагол во условен начин. Јас не можам да забележам некаква разлика во значењата, но можеби има некакво правило.

На пример:
1. Ако морам да одберам друга боја, би одбрал црвена.
2. Ако би морал да одберам друга боја, би одбрал црвена.

Втората реченица ми звучи поточна, но во некои други случаи, употребата на условен начин во двата дела од реченицата звучи чудно. Можеби првата треба да биде „ако морам да одберам друга боја, ќе одберам црвена“, така што ниеден глагол не е во условен начин а втората реченица, двата се. Во тој случај, првата реченица (претпоставувам) би значела дека е доста веројатно дека условот ќе се оствари, а втората би подразбирала дека условот е само хипотетички и дека не се очекува неговото остварување (како во англиски ("if I have to choose a new colour, I will choose red" vs. "if I were to choose a new colour, I would choose red")

Дали може некој да ми појасни?

Благодарам однапред
 
  • Eunos

    New Member
    Bulgarian
    И според мен вторият пример, който си дал звучи повече хипотетично, но и двата примера биха могли да се използват при еднакви ситуации. В английският език изреченията с Трябва(Морам) се съставят по по-различен начин и не би трябвало да търсиш аналогичност.
     

    nimak

    Senior Member
    Macedonian
    1. Ако морам да одберам друга боја, би одбрал црвена.
    2. Ако би морал да одберам друга боја, би одбрал црвена.

    Според мене првата реченица звучи точно и природно, и значи исто и со „би одбрал“ и со „ќе одберам“.
    Ако морам да одберам друга боја, би одбрал црвена. :tick:
    Ако морам да одберам друга боја, ќе одберам црвена. :tick:

    Втората реченица воопшто не ми звучи природно:
    Ако би морал да одберам друга боја, би одбрал црвена. :cross:

    Така искажана јас ја разбирам како „ако веќе некој ептен ме принуди(л)/присили(л) да...“, и во тој случај, според мене, поприродно звучи:

    Ако веќе морам да одберам друга боја, би одбрал црвена. :tick:
    Ако веќе морам да одберам друга боја, ќе одберам црвена. :tick:
     
    Last edited:
    Top