Macedonian Conjugation: повлијае

123xyz

Senior Member
Macedonian
Здраво на сите,

Знае ли некој да ми каже како се менуваат во македонскиот свршените глаголи што завршуваат на „-ае“, како што се „повлијае“ и „соткае“? Имам проблеми со минато време, и определено и неопределено. Имено, не знам дали е:

повлијаа или повлијае или повлија
и
повлијаал или повлијаел или повлијал

Јас лично си ги користам формите „повлијаа“ и „повлијаал“, исто како и „соткаа“ и „соткаал“, но ме интересира што налагаат официјалните правила. Во меѓувреме, пребарувањето на интернет не ми помогна многу, затоа што најдов резултати за сите форми во разноразни текстови, па не можам да одредам кои се точни.

Инаку, мислам дека македонските глаголи се баш хаотични - немаме строги правила за тоа кој глагол како се менува. Среќавам и „поцрвенив“ и „поцвренив“, и „заврти“ и „заврте“, и „побесне“ и „побесна“ (ова во минато определно време) итн. Во другите словенски јазици не е ваков случајот. Многу ми пречи оваа појава - поради неа, некако добив впечаток дека некогаш нема „точно“ и „неточно“ кај некои од глаголите, затоа што едноставно има по две-три прифатени форми, дури и да не е така.

Фала однапред
 
  • Top