Macedonian: definite forms

123xyz

Senior Member
Macedonian
Показните членски наставки се горе-долу продуктивни, но се прашувам дали може да се користат и со женски именски што завршуваат на согласка. Јас досега вакви облици многу ретко сум среќавал а и не ми звучат многу природно, но се сум сигурен дали е ова затоа што се неправилни или само затоа што не се популарни.

На пример, дали може да се каже „солва“ и „солна“ наместо „оваа сол“ и „онаа сол“? А „младос(т)ва“ наместо „оваа младост“ или пак „љубовва“ наместо „оваа љубов“? Какви правила важат во ваквите случаи? Чинам дека „ноќва“ постои како облик, па не би очекувал да има правило што тврди дека ниедна женска именка што зарвшува на согласка не може да прима показни членски наставки.

Благодарам однапред
 
  • FairOaks

    Banned
    Bulgarian
    Користете ги таму, каде е соодветно, облициве, инаку ќе ги изгубите неповратно.
     

    123xyz

    Senior Member
    Macedonian
    Јас лично ги користам, но сум сигурен дали сам сум си ги измислил врз основа на женските именки што завршуваат на „-а“ или навистина постојат/постоеле.
     
    Top